• Зоран Мишевски
Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски има нов клуб. Фудбалерот за врска пак ќе игра во кипарскиот шампионат, откако денес стави потпис на договор со Етникос Ахна, дознaва Gol.mk.
Битолчанецот ќе му се приклучи на Мартин Богатинов, кој пред неколку дена го продолжи договорот со кипарскиот клуб. За Спировски ова е враќање во кипарскиот фудбал, бидејќи претходно настапуваше за АЕК Ларнака.
32-годишниот битолчанец има богата кариера надвор од Македонија. Негов последен тим беше Пјуник од Ерменија, а претходно настапуваше за Мариупол, АЕК Ларнака, Хапоел Тел Авив, Ференцварош и МТК.
Од македонските клубови, Спировски ги носеше дресовите на Вардар, Работнички и матичниот Пелистер.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.