Стефан Спировски остана без клуб, се раздели со АЕК Ларнака

Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски ќе има нов клуб оваа сезона, затоа што се раздели со кипарскиот колектив АЕК Ларнака кој прави „ремонт“ и кој ослободи и донесе доста нови фудбалери.

Спировски играше за кипарскиот тим една година. Договорот го потпиша во јуни 2020 година, а во редовите на тимот каде останува Иван Тричковски како капитен пристигна од Унгарија, од тимот на Ференцварош.

Репрезентативецот ја почна кариерата во Пелистер, играше за Борац Чачак, беше на позајмица кусо во Работнички, настапуваше за бугарскиот Берое, се афирмираше како репрезентативец во дресот на Вардар, а потоа две години настапуваше и за унгарскиот Ференцварош. Во израелскиот шампионат, иако играше неполна една сезона, остави одличен впечаток во дресот на Хапоел Тел Авив.

31-годишниот битолчанец е редовно дел и од репрезентацијата на Македонија за која има 40 настапи и еден постигнат гол.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.