• Саше Љолес

Екс-капитенот на македонската репрезентација и член на Динамо Загреб, Стефан Ристовски, упати емотивна порака по натпреварот против Бетис во Конференциската лига.
„Модрите“ успеаја да го минат славниот член на Примера и обезбедија учество во осминафиналето, а Ристовски носеше маица на која беше напишано „Среќен Роденден, мамо“, во чест на неговата мајка која за жал почина неодамна.
Динамо го задржа Бетис во Загреб и не дозволи да ја испушти минималната предност од првиот дуел во Андалузија, а хрватскиот гигант мина понатаму со вкупен резултат 2-1. Нашиот Стефан Ристовски повторно беше во почетниот состав и се истакна како еден од најзаслужните за успехот на неговиот тим, кој повторно игра одлична сезона во европските натпреварувања.
Загрепскиот тим повторно ќе има голема шанса за прогрес и пласман во четвртфиналето, затоа што во ждрепката го доби еден од најпосакуваните противници, солунски ПАОК.