Стефан Ристовски меѓу најдобрите десни бекови во историјата на ХНЛ

Хрватски „Спорт клуб“ го бира идеалниот тим во хрватскиот шампионат, а македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски доби место меѓу десетте најдобри бекови во историјата на ХНЛ.

Македонецот се најде на седмата позиција, а од „Спорт клуб“ велат дека тој си го заслужил својот статус со феноменалните игри во хрватска Ријека, со која стана шампион на Хрватска.

„Македонецот од Скопје можеби беше само три сезони во ХНЛ, но покажа доста. Во Ријека беше врвен, во 86 настапи даде два гола, но го заслужи својот статус на листата. Секако дека тука му помогна искуството што го имаше од Италија, а неговите добри игри во клубот ги препозна португалски Спортинг кој потоа го откупи“, велат новинарите.

Покрај Ристовски, на листата на најдобри десни бекови се наоѓаат имиња како Дарио Срна, Шиме Вршаљко, Етто, Даниел Шариќ...