ФОТО: Ристовски доби подарок од Адеми за јубилејот во Динамо

Стефан Ристовски прераснува во вистинска легенда на Динамо Загреб. Македонскиот фудбалер на мечот против Горица во четвртото коло од хрватското првенство го запиша 150. настап за „модрите“ и влезе во славното друштво на овој клуб. 

Популарниот „Рики“ игра во одлична форма, а воедно ја носеше и капитенската лента, па навивачите на Динамо решија да го поздрават со громогласен аплауз и се надеваат дека уште долго ќе биде дел од славниот хрватски гигант. 

Ристовски пристигна во Динамо пред три години од редовите на Спортинг Лисабон, а досега успеа да освои многу трофеи и забележа безброј успешни настапи во дресот на хрватскиот клуб. 

По повод голеиот јубилеј, Ристовски доби дрес со бројкат 150, а истиот му беше врачен од легендата на Динамо и екс-репрезентативец на Македонија, Аријан Адеми.