Стефан Ристовски е еден од најплатените фудбалери во БиХ!

Босански „Фактор“ објави дека фудбалскиот клуб Сараево во 2025 година остварил приходи од над десет милиони евра, а едни од најплатените фудбалери во босанското првенство настапуваат токму за „бордо“ тимот.

Меѓу нив е и македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски, кој во последната година од договорот со Динамо Загреб заработувал околу 730.000 евра. Иако неговата актуелна плата во Сараево не е јавно објавена, се претпоставува дека станува збор за значителен шестцифрен износ на годишно ниво.

Слична е ситуацијата и со Адем Љајиќ, кој според претходни информации инкасира околу 50.000 евра месечно, што значи најмалку половина милион евра по сезона. И покрај тоа, клубот донел одлука во финишот од сезоната двајцата искусни фудбалери да не настапуваат, што претставува невообичаен потег, но се работи за младите играчи да добијат минутажа.

И Ристовски и Љајиќ имаат договори со Сараево до 2027 година, што значи дека и следната сезона би требало да останат дел од клубот. За Љајиќ постои интерес од Партизан, но искусниот играч од средниот ред засега се гледа себеси како член на Сараево, иако ситуацијата може брзо да се промени.