• Горан Упале
Екипата на Приштина се засили со македонскиот дефанзивец Стефан Наумчевски, откако денеска официјално беше претставен за нов фудбалер на еден од најдобрите клубови во Косово.
Наумчевски ќе биде дел од тим кој сезонава се наоѓа во одлична позиција и важи за еден од главните кандидати за шампионската титула. Во Приштина ќе настапува заедно со Марио Илиевски, кој има одлична полусезона зад себе.
Фудбалската кариера Наумчевски ја започна во Победа, по што ги носеше дресовите на Металург, Вардар и Тиквеш, а негов последен клуб пред да замине за Косово беше струмичка Брера. Тој во минатото беше и стандарден член на младинските репрезентации на Македонија.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.

