Стефан Коцев замина од Брегалница и потпиша со Лирија од Косово

Стефан Коцев, поранешен репрезентативец на Македонија до 21 година, замина од редовите на штипска Брегалница и се пресели во тимот на Лирија, во Косово. Договорот ќе биде потпишан на една година, со можност за продолжување на соработката.

„Потпишав едногодишен договор со Лирија. Сметам дека во новата средина ќе ги потврдам своите квалитети“, изјави Стефан Коцев.

Во минатата година, тимот на Лирија заврши на осмото место во шампионат на Косово со освени 37 бода. Од тимот на Брегалница покрај Коцев заминаа и Дарко Стојанов, Ангел Нацев, Стефан Ристовски и голманот Кобетиќ.