• Мартин Танасковски
Младиот и перспективен голман Стефан Јованоски (2006) во новата сезона го потпиша првиот професионален договор со чешкиот прволигаш Млада Болеслав, кој веднаш го испрати на позајмица во тимот на Викторија Жижков за да собира искуство.
Јованоски, кој има 19 години, е дете на Славија Прага, а беше дел и од првиот тим со кого собираше искуство при тренинзите. Имаше шанса да биде и дел од составот од Лигата на Европа на мечот меѓу ПАОК и Славија Прага.
„Голманското место е тешка позиција во тимот и младите голмани не често добиваат шанса да бидат стартери, па затоа решив да заминам на позаајмица во чешкиот второлигаш Жижков за да собирам минутажа. Потегот ми е со цел да бидам и конкурентен да бранам за младинските репрезентации на Македонија, во завршна фаза ми е и добивањето на мкедонскиот пасош. Бранев и за Чешка во минатото, но Македонија има предност кај мене“, изјави Јованоски, кој по потекло е од Тетово.
Стефан Јованоски е син на поранешниот фудбалер на Тетекс, Зоран Коки Јованоски. Досега, бранеше за младинските селекции на Македонија само на неофицијални средби, а последен пат беше дел од У21-тимот кога селектор беше Канатларовски, на контролните дуели со Косово.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.


