• Мартин Танасковски
Македонскиот интернационалец Стефан Јевтоски ќе има нов клуб затоа што се раздели со унгарски Ујпешт чиј член беше во изминатите три години.
Јевтоски, кој има 26 години и настапува во линијата дефанзивен играч за врска, не го продолжи договорот со Ујпешт и ќе бара нова средина.
Поранешниот младински репрезентативец на Македонија дојде во клубот во 2021 година, но имаше проблем со тешка повреда во периодот за адаптација.
Стефан Јевтоски низ кариерата покрај за Ујпешт настапуваше и за украински Арсенал Киев, хрватски Вараждин, бугарски Локо Пловдив, како и домашните клубови Работнички и Металург.