Стефан Деспотовски се враќа во Србија и ќе игра за ОФК Београд

Македонскиот фудбалер Стефан Деспотовски потпиша договор со ОФК Београд и ќе настапува во најквалитетната српска лига. Поранешниот младински репрезентативец веќе беше најавен во новата средина, каде се очекува да биде солидно засилување за тимот. 

Деспотовски има големо искуство од македонскиот шампионат, одигра 40 натпревари за скопскиот Работнички, а претходно ги бранеше боите на Графичар и Црвена Звезда, но беше дел и од Партизан во помладите категории.

Минатата сезона беше дел и од молдавскиот гигант, Шериф Тираспол, каде забележа шест настапи. 22-годишниот десен бек одигра и 24 натпревари за У21 репрезентацијата на Македонија. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.