Стефан Деспотовски доби нов договор од ОФК Белград

Македонскиот репрезентативец Стефан Деспотовски доби нов договор од ОФК Белград и останува во српската Суперлига во следните две години.

22-годишниот дефанзивец играше на сите позиции во одбраната оваа пролет и беше еден од клучните играчи во добрите дефанзивни партии на екипата.

За него имаше интерес од Русија и Белгија, но ОФК реши да не го ослободи и го врза со нов договор.

Играчот кој е роден во 2003 година во српскиот суперлигаш дојде од Шериф Тираспол. Во кариерата тој беше дел од младинскиот тим на Црвена Звезда, Графичар и Работнички.