Стефан Ашковски успешно евакуиран од Иран

Министерството за надворешни работи на Македонија откри дека околу 400 наши државјани побарале помош за евакуација од Блискиот Исток. 

Еден од нив е и фудбалскиот репрезентативец Стефан Ашковски. 34-годишниот бек кој во јануари се пресели во Иран и се приклучи на Мес Рафсанјан мораше да биде евакуиран по стартот на воените напади. Според информациите, Ашковски преку Турција бил успешно евакуиран од загрозените подрачја. 

Македонскиот репрезентативец од доаѓањето во јануари во Иран за новиот клуб забележа три настапи. 

Сепак, тамошниот спорт е парализиран и Ашковски во моментов нема обврски кон клубот. Останува да видиме дали искусниот бек ќе биде на списокот на Македонија за мартовскиот бараж за Мундијалот против Данска.