Стефан Ашковски се сели во грчкиот шампионат

Ашковски

Македонскиот репрезентативец Стефан Ашковски ќе ја продолжи кариерата во Грција. Според тамошните медиуми, нашиот интернационалец е блиску до соработка со Ламија.

Тренерот Џанлука Феста го посакувал 30-годишникот како засилување за крилните позиции. Останува само да се комплетираат деталите од двегодишниот договор. Наводно, Ашковски ќе пристигне на грчко тло оваа среда. Тогаш ќе стави потпис на договорот и ќе ја започне процедурата за да стане дел од новиот клуб.

Во ланската сезона македонскиот фудбалер запиша два гола на 41 натпревар за романски Сепси.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.