Стефан Ашковски пред трансфер во втората турска лига

Стефан Ашковски својата кариера ќе ја продолжи во Кајзери Ерчиеспор, кој настапува во втората турска лига. Играчот на белрадски Партизан, Ашковски, моментално е на позајмица во Нови Пазар. Промоцијата се очекува да се официјализира во наредните неколку часови.

23-годишниот играч кој настапува на средината на теренот треба да биде од огромна помош за турскиот клуб, кој грчевито се боди за опстанок во втората лига.

Ашковски во кариерата има играно и за Напредак, Стромготсет, Шкендија и Партизан. Своите почетоци ги имаше во тимот на Металург. За репрезентацијата на Македонија има запишано три настапи.