• Зоран Мишевски

Романија има нов шампион во фудбал. Фудбалерите на ФКСБ, поранешна Стеауа, ја освоија првата шампионска титула по пауза од девет години.
Избраниците на Џиџи Бекали го победија минатогодишниот шампион Фарул со 2-1 и се недостижни на врвот. ФКСБ има 49 бода по седмото коло во плеј-оф фазата, а Фарул е втор со 35 бода.
Давид Микулеску и Александру Балуца ги постигнаа головите за шампионот, а Ривалдињо беше стрелец на единствениот гол за Фарул.