Ставрев суди во Кавадарци, Стојчевски во Прилеп, Качевски главен во Ѓорче

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги одреди судиите за 17-тата рунда во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), последна за 2022 година.

Најдобриот судија Александар Ставрев ќе биде на центарот во Кавадарци на натпреварот меѓу Тиквеш и и Силекс. Игор Стојчевски патува во Прилеп каде ќе им суди на Победа и Скопје на „Гоце Делчев“.

Шкупи ќе биде домаќин на штипска Брегалница, таму главен е Фуркан Идризи. Македонија ЃП ја пречува Шкендија и контролата на дуелот ќе ја има Јован Качевски. Во последниот дуел, меѓу Струга Трим Љум и Академија Пандев, главен судија е Ндерим Тефику.

Сите натпревари од ПМФЛ се играат во недела од 13:00 часот.