Ставрев со нов меч во ЛЕ, ќе им суди на Краснодар и Стандард

Македонија повторно ќе има свои претставници на претстојното четврто коло на најмасовното клупско натпреварување, Лига Европа. 

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) го делегираше нашиот судија Александар Стратев да ја дели правдата на дуелот во Краснодар, меѓу истоимениот тим против Стандард Лиеж. Нему ќе му помагаат Марјан Кировски и Дејан Костадинов (линиски судии), четврти судија е Гоце Петревски, а зад головите ќе бидат Димитар Мечкаровски и Дејан Јакимовски.

Емил Божиновски, кој неколку години е во судиска пензија, в среда на дуелот во Москва меѓу ЦСКА и Рома во рамки од Лигата на шампионите, ја доби довербата да биде контролор.