Ставрев од Алкмар директно во Тетово, дербито во Ѓорче за Маркоски

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги одреди судиите кои ќе ја делат правдата во 13. коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) овој викенд.

Нашиот најдобар судија Александар Ставрев ќе им суди на АЗ Алкмар и Реал Сосиедад во Лигата на Европа, а од Холандија директно ќе патува во Тетово каде ќе ја суди неделната пресметка на Ренова и Борец.

Дербито во Ѓорче Петров му припадна на Марјан Маркоски, Вардар и Академија Пандев ќе се соочат во Скопје, а таму правдата ќе ја дели Крумислав Ѓорѓиев, а на мечот Струга Трим Љум - Шкендија главен арбитар ќе биде Игор Стојчевски.

Пелистер и Силекс ќе играат во Битола, на центарот ќе стои Марјан Гоцевски, додека во Струмица, на мечот Беласица - Работнички ќе суди Јосип Бартон, кој како четврти судија е дел од тимот на Ставрев во Лигата на Европа.

Пет натпревари од колото се играат в недела од 13:00 часот, со ислучок на мечот Вардар - Академија Пандев кој ќе биде в сабота (13:00).