Ставрев на центарот во Велес, Стојчевски суди во Ѓорче

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги објави судиите кои ќе ја делат правдата во 27. коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) кое на програмата е овој викенд.

Работнички ќе биде домаќин на Академија Пандев во Велес, а таму судија ќе биде Александар Ставрев. Возбудливо ќе биде во Ѓорче Петров каде Македонија ЃП игра со Академија Пандев и за главен арбитар назначен е Игор Стојчевски.

Струга ќе ѝ биде домаќин на Победа, таму ќе суди Димитар Пилешков, а на мечот Шкендија - Тиквеш главниот збор ќе го има Игор Иванов. Последниот дуел меѓу екипите на Силекс и Брегалница ќе го суди Ндерим Тефику.

Сите натпревари од ПМФЛ се закажани во сабота од 16:00 часот.