Ставрев на центарот во Велес, Грујоски патува за Струмица

Фудбалскиот шампионат на Македонија продолжува за време на викендот, кога се закажани натпреварите од 16. коло.

Работнички ќе биде домаќин на Ренова во единствениот меч в сабота. Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги одреди судиите кои ќе бидат дел од претстојните мечеви.

  • Работнички - Ренова (Стојанче Трпчевски)
  • Шкендија - Пелистер (Влатко Илиоски)
  • Струга Трим Љум - Тиквеш (Димитар Пилешков)
  • Академија Пандев - Брегалница Штип (Александар Грујоски)
  • Борец - Македонија Ѓорче Петров (Александар Ставрев)
  • Скопје - Шкупи (Крумислав Ѓоргиев)

Шкупи е лидер на табелата со 35 поени, четири помалку има Академија Пандев, а потоа следува Шкендија.