Ставрев, Мечкаровски, Јакимовски - делегирани судиите за петтото коло на ПМФЛ

Клупскиот фудбал се враќа на сцена во македонскиот фудбал. В петок и в сабота се играат натпреварите од петтото коло на ПМФЛ. Судиската организација и делегатот за натпревари денес ги одредија официјалните лица за натпреварите од петтото коло.

Дејан Јакимовски ќе го води дуелот во Тетово меѓу Шкендија и Работнички, а тетовчани и натаму се во неизвеснот кој ќе го наследи Османи по отказот пред неполни две недели. ФИФА судијата Димитар Мечкаровски е делегиран за натпреварот во Чаир меѓу Шкупи и Силекс, а Александар Ставрев ќе го отвори колото со натпреварот меѓу Академиа Пандев и Ренова.

Тетовчанецот Јосип Бартон ќе им суди на Македонија ЃП и Борец, а Марјан Гоцевски од Струмица е одреден за главен судија на првиот натпревар на Вардар и Струга Трим Љум во ПМФЛ.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 18 10 6 2 28:11 17 36
2 ШкендијаШкендија 1 18 8 4 6 30:13 17 28
3 Академија ПандевАкадемија Пандев 1 18 7 6 5 19:15 4 27
4 СилексСилекс 18 8 3 7 21:20 1 27
5 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 18 6 8 4 21:18 3 26
6 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 18 6 6 6 18:22 -4 24
7 ШкупиШкупи 18 5 7 6 20:21 -1 22
8 БорецБорец 18 5 5 8 14:26 -12 20
9 РеноваРенова 18 5 4 9 17:30 -13 19
10 РаботничкиРаботнички 18 4 3 11 16:28 -12 15