• Горан Упале

Македонија и во овој репрезентативен прозорец ќе има свои претставници, кога во прашање се делителите на правдата.
Нашиот најдобар судија Александар Ставрев ќе застане на центарот на натпреварот од Лигата на нациите меѓу Белорусија и Казахстан кој е закажан за 14 октомври од 20:45 часот.
Негови помошници на дуелот кој ќе се игра на „Олимпискиот Стадион“ во Минск ќе бидат Гоце Петрески, Димитар Мечкаровски, Дејан Костадинов.
Емил Божиновски пак е делегиран да биде контролот на арбитражата помеѓу Полска и Босна и Херцеговина, натпревар кој се игра на в среда во Варшава.