Ставрев ќе им суди на Динамо Киев и Малме во првото коло на Лига Европа

Еден од најдобрите македонски судии, Александар Ставрев не беше делегиран од ФФМ за претстојното шестото коло на ПМФЛ кое се игра в среда, а причината е поради тоа што искусниот арбитар ќе биде дел од отворањето на новата сезона на Лигата на Европа.

Ставрев ќе ја дели правдата на мечот Динамо Киев и Малме, кој ќе се игра на „Олимпискиот стадион“ во Киев, а негови помошници ќе бидат Марјан Кировски, Дејан Костадинов. Додека четврт судија ќе биде Димитар Мечкаровски.

За Ставрев ова ќе биде втор натпревар кој ќе го суди во новата натпреварувачка сезона на европска сцена, откако претходно беше главен судија на натпреварот во плеј-офот меѓу Дуделанж и Арарат.