Ставрев главен на дуелот на некогашните шампиони во ПМФЛ

Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) се враќа на програмата овој викенд, а ФФМ ги делегира судиите кои ќе ја делат правдата во рамки на 16. коло.

Во фокусот ќе биде дуелот на некогашните шампиони Работнички и Македонија ЃП, а таму главен судија ќе биде Александар Ставрев. Шкупи ќе гостува кај Победа во Прилеп, Игор Иванов ќе ја дели правдата.

Шкендија го пречекува Тиквеш, а за главен арбитар назначен е Марјан Стојановски. Јован Качевски ќе им суди на Скопје и Академија Пандев, додека на мечот Силекс - Струга Трим Љум прв арбитар е Александар Грујоски.

Само Силекс и Струга ќе играат во сабота, додека ден подоцна се играат сите останати дуели. Натпреварите стартуваат од 13:00 часот.