• Иван Димовски
Познато е сè за главната фаза во Лигата на шампионите, а веднаш по извлекувањето почнаа статистичките пресметки и занимливости. Една од платформите за фудбалска статистика на мрежата „Х“ по 10.000 симулации ја одреди табелата за лигашкиот дел.
Поточно, одредени се шансите на сите 36 клуба за пласман меѓу првите осум и во нокаут фазата. На врвот се наоѓа Манчестер Сити, четата на Пеп Гвардиола речиси и нема шанса да остане без нокаут фудбал (98% проценти за пласман), како и највисок за пласман меѓу осумте најдобри. На второто место е Баерн Минхен пред Интер, Реал Мадрид, Арсенал, Борусија Дортмунд, Барселона и Баер Леверкузен кои се предвидува дека ќе бидат осум најдоброрангирани клубови.
Изненадувачки високо котираат Аталанта, Милан и Штутгарт на 9, 10 и 11 место. Во нокаут фазата се предвидува дека ќе се пласираат уште Атлетико, Ливерпул, Лајпциг, ПСЖ, ПСВ, Џирона, Јувентус, Астон Вила, Спортинг, Монако, Болоња, Бенфика и Лил. На дното со најмалку шанси е Слован Братислава, веднаш до нив е Црвена Звезда, а во близина е и Динамо Загреб.
Според овие статистики, двајца Македонци би играле нокаут фудбал, Ељиф Елмас и Бојан миовски, додека би испаднало дуото од Динамо, Ристовски и Адеми.