Статистичарите пресметаа: Нејмар досега „лежел“ цели 14 минути!

Бразилецот Нејмар е на мета на критичарите поради неговото лежење на теренот и театралното тркалање кога ќе биде фаулиран од противнички играч.

Како што пренесува швајцарски „РТС Спорт“, Нејмар на тревникот на СП во Русија минал вкупно 14 минути во сите натпревари, во кој има и дел на симулирани повреди. Иако е факт дека тој е најчесто фаулираниот фудбалер, сепак според познавачите на фудбалската игра, тоа што го прави Бразилецот се граничи со нормално однесување.

Најголем допринос во овие 14 минути има фаулот на Мексиканецот Мигел Лајун, по кој Нејмар повеќе од пет минути лежеше на тревникот. Како ќе помине против робусните одбранбени фудбалери на Белгија и дали повторно ќе има театрално однесување останува да видиме по петочниот четвртфинален дуел.