Стартува новото издание на Купот – Вардар најтрофеен, Силекс го брани тронот

Денес со натпреварите од шеснаестинафиналето стартува новото издание на Купот на Македонија. 28 екипи ќе се натпреваруваат во првата рунда, додека поради недостатокот на доволно пријавени клубови, финалистите Силекс и Академија Пандев ќе играат директно во осминафиналето. 

Најтрофејниот Вардар и бранителот на тронот Силекс оваа сезона се второлигаши, па ќе имаат тешка задача. Кратовчани ќе ја скокнат првата рунда, а „црвено-црните“ од Скопје ќе играат во Прилеп кај мотивираната Победа. Зад Вардар по бројот на трофеи во Купот е Работнички, кој секоја година е незгоден ривал за фаворитите, иако не игра на највисоко ниво во ПМФЛ. Три трофеи во историјата има и Силекс, по два Пелистер, Шкендија и Тетекс

Освен во Прилеп, интересна пресметка се очекува и во Охрид меѓу Воска Спорт и Брегалница Штип, како и во дуелот на Гостивар и Ренова, Љуботен ќе игра со Пелистер, Кит-Го ќе ја дочека Шкендија...

  • Парови во првата рунда на Купот: 

Детонит - Македонија ЃП
Победа - Вардар
Кит-Го - Шкендија
Беса - Скопје
Локомотива - Охрид
Љуботен - Пелистер
Гостивар - Ренова
Кораб - Беласица
Њу Старс - Борец
Слога Виница - Работнички
Новаци - Тиквеш
Саса - Струга ТЉ
Воска Спорт - Брегалница
Велешта - Шкупи

Само три натпревари од оваа фаза нема да се одиграат денес. Кит-Го против Шкендија, Њу Старс со Борец и Велешта против Шкупи ќе играат за една седмица, додека останатите единаесет натпревари се закажани за денес од 15:00 часот.