ФОТО: Стартниот тим останува енигма, изменета Македонија ќе брка сензација во Грузија 

Ниту последниот тренинг не ги открива дилемите на селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски. Одбраната делува како сектор кој ќе претрпи најмалку измени (само десен бек), а во средниот ред и нападот Македонија нема да биде иста како против грузиската селекција во јуни.

Сепак, важен е пристапот и начинот на кој единаесетката која ќе ја избере Милевски ќе им се спротистави на Грузијците. Денешниот официјален тренинг на „Борис Пачадѕе“ во Тбилиси покажа хармонија и одлучност на нашите момци да се истакнат. Против себе Елмас и другарите утре ќе играат моќна грузиска селекција и скоро 50.000 гледачи.

Натпреварот меѓу Грузија и Македонија ќе го води словачкиот судија, а терминот за почеток е 18:00 часот по македонско и 20:00 часот по грузиско време.