СТАРТНИ СОСТВИ: Алиоски отпадна, Македонија со еден класичен напаѓач против Шкотска!

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва ќе има нова шанса за прв бод(ови) во новата сезона од Лигата на нации. Во Скопје гостува селекцијата на Шкотска, а на еден час пред стартот на натпреварот познати се стартните состави на двете селекции. 

Алиоски не успеа целосно да заздрави и остана на трибините, додека Гоце Седлоски за овој дуел се реши за промена на формацијата. Македонија ќе настапи со формација „3-4-2-1“, а најистурен во нападот ќе биде Бојан Миовски, додека во одбраната одново шанса добија Младеновски и Меличи . 

Македонија: 
Димитриевски, Малиќи, Младеновски, Муслиу; Илиевски, Барди, Гаштаров, Станковски, Херера; Елмаз, Миовски

Шкотска: 
Ган, Велш, МекКена, Бинкс; Ганон, Доак, Фергусон, Гилмур, Робертсон; МекГин, МекБурни, Боуви

Натпреварот започнува од 20:45 часот.