• Горан Упале

Фудбалерите на Иран и Велс ќе го отворат второто коло од Светското првенство во Катар. Двете селекции веруваат во поволен резултат на оваа средба со кој ќе останат во трката за осминафинале.
На еден час до стартот на натпреварот на „Ахмад бин Али“ арената познати се стартерите во двете селекции. Герет Бејл повторно ќе биде лидер на островјаните, но сега ќе биде на крилната позиција, бидејќи Мур доби предност пред Џејмс, додека еден од најдобриот стрелци во Лигата на шампионите, Мехди Тареми ќе биде најистурен во нападот на Иран.
- Стартни состави:
Велс:
Хенеси, Мефам, Родом, Дејвис, Робертс, Ампаду, Рамзи, Вилијамс, Бејл, Мур, Вилсон
Иран:
М. Хосеини, Резаеиан, Поуралигањи, Х. Хосеини, Мохамед, Хајзаги, Езатолах, Норолах, Голизадех, Тареми, Азмун
Натпреварот во „Ахмад бин Али“ започнува од 11:00 часот, а на центарот ќе застане Марио Ескобар од Гватемала.