• Мартин Танасковски

Екипите на Вардар и Работнички ќе го одиграат градското дерби во рамки на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) на Арената „Тодор Проески“, а тренерите Гоце Седлоски и Муарем Муарем ги одредија стартните состави.
Има четири измени кај Вардар во однос на претходната пресметка со Пелистер. Маневски, Кастанеда, Данев и Торес се на клупата за резерви.
Вардар: Талески; Јанкулов, Велковски, Матиќ, Цветковски; Босанчиќ, Николов; Цветковиќ, Закариќ, Тодоровски; Омерагиќ
Работнички: Ондоа, Белица, Пејовиќ, Крантове, Попзлатанов; Мерџани, Демири, Ангелов, Николовски; Талаков, Мухарем
Натпреварот меѓу некогашните шампиони на Македонија се игра од 15:30 часот.







