• Зоран Мишевски
Со офанзивен тим и враќање на Чурлинов во стартниот состав, македонската фудбалска репрезентација ќе излезе на мегдан на дуелот со Летонија во рамките на петтото коло на групата во Лигата на нации,
Серафимов и Зајков ќе застанат во централниот дел на одбраната, каде заради повреда нема да игра Муслиу. Алими доби предност пред Атанасов, а по подолго време во тимот се враќа Трајковски.
Македонија:
Димитриевски, Димоски, Серафимов Зајков, Алиоски, Барди, Алими, Елмас, Чурлинов,Трајковски, Миовски
Правдата во Скопје ќе ја дели Гога Кикачеишвили, заедно со грузиските помошници Ахвледиани и Габисониа, додека четврти судија е Квирикашвили. Во ВАР собата ќе работи унгарскиот арбитар Томаш Богнар, а ќе му помага уште еден Грузиец.