СТАРТНИ СОСТАВИ: Тинејџер наместо Белингем во Реал, Баерн пука со Кејн!

Алваро Арбелоа и Винсент Компани, тренерите на Реал Мадрид и Баерн Минхен, ги одредија стартните состави за големото дерби на „Сантијаго Бернабеу“ кое се игра во рамки на четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Во стартниот состав на Реал Мадрид ќе го нема Џуд Белингем кој ќе стартува од клупата за резерви. Кај Баерн Минхен, пак, стартер е Хари Кејн и нема многу големи изненадувања во првиот состав.

Реал Мадрид (4-1-2-1-2): Лунин; Александер-Арнолд, Рудигер, Хујсен, Карерас; Чуамени; Валверде, Питарч; Ѓулер; Мбапе, Винициус

Баерн Минхен (4-2-3-1): Нојер; Станишиќ, Упамекано, Тах, Лајмер; Павловиќ, Кимих; Диаз, Гнабри, Олисе; Кејн

Натпреварот започнува од 21:00 часот.