СТАРТНИ СОСТАВИ: Стружани со проверени сили, Кехинде почнува од клупата

Со најавениот тим и во систем 3-5-2, Ќатип Османи ќе се обиде да направи пресврт со својата Струга Трим Љум во квалификациите на Лигата на шампионите. Дуелот против словачкиот првак Слован Братислава почнува од 4-2 за гостите и нема да биде лесно да се реализира пресврт.

Османи ги остави на клупата Такхара и Кехинде, кои ова лето од Гостивар пристигнаа крај Охридското езеро.

Струга Трим Љум:
Дујмовиќ, Радиќ, Ристевски, Кривањева, Влајковиќ, Спировски, Јевтовски, Воша, Шабани, Ибраими, Радески

Слован Братислава:
Тимовски, Вимер, Кашиа, Бајриќ, Блекман, Зике, Куцка, Војтко, Мак, Стрелец, Вајс

Натпреварот ќе го води шпанскиот судија Рикардо де Бургос.