• Мартин Танасковски

Тиквеш и Шкупи се наоѓаат во лош моментум во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), а оној кој ќе успее да освои три бода во овој меч, ќе направи важен прогрес на табелата.
Двата тренери ги одредија стартните состави. Тиквеш е во познат изглед и Ѓорѓи Мојсов посакува победа, а кај Шкупи ќе дебитира новото засилување Марио Станковски.
Тиквеш: Стевковски; Мојсов, Рамадани, Стојанов, Садик, Ивановски, Најдовски, Тодоров, Стојкоски, Ацковски, Миловановиќ
Шкупи: Гроте; Спахиу, Мурати, Милај, Мухарем, Мехмед, Адили, Ричков М., Ричков А., Дестани, Станковски
Натпреварот на Градскиот стадион во Тиквеш се игра од 15:30 часот.





