СТАРТНИ СОСТАВИ: Станиќ направи само една промена, Шведска со Сонко и Будри

Фудбалската селекција на Македонија до 21 година по третпат есенва ќе биде домаќин во Битола во квалификациите од следното Европско првенство. Досегашниот скор на нашите надежи на стадионот под Тумбе Кафе е еден пораз и една победа, а денеска против Шведска ќе бркаат нови три бода на своето конто во рамки од групата Е.

Селекторот Горан Станиќ за овој натпревар се реши да направи една замена во однос на последниот натпревар во Црна Гора и на местото на Ѓоргиевски ќе стартува Зенделовски. За Шведска од првата минута ќе играат Сонко и Будри, фудбалери кои што Христијан Цветковски ги апострофираше како најголема закана по нашиот гол.

  • Стартните состави:

Шведска, исто како и Македонија досега има забележано само една победа и двете селекции со по три бода ја делата четвртата позиција на табелата.