СТАРТНИ СОСТАВИ: Станиќ им верува на истите фудбалери, еве го стартниот тим за Полска!  

Фудбалската селекција на Македонија до 21 година вечерва го игра последниот натпревар оваа година. Во Битола нашите надежи ќе се судрат со репрезентацијата на Полска, против која ќе бркаат втора победа во квалификациите за следното Европско првенство.

Селекторот Горан Станиќ се реши да не направи ниту една замена во стартниот состав и Македонија на терен ќе истрча со идентични единаесетмина кои стартуваа со Шведска пред неколку дена. 

На голот ќе биде Василев, одбраната ќе ја сочинуваат Џеков, Мелиќи и Димески, бековските позиции ќе ги пополнат Данев и Хамза, средината е резервирана за Зенделовски, Гаштаров и Ангелов, додека во нападот се Трајков и Елези.

Натпреварот со Полска започнува од 17:00 часот.