СТАРТНИ СОСТАВИ: Скалони се реши за офанзива против Италија

Репрезентациите на Италија и Аргентина како освојувачи на континенталните трофеи во Европа и Јужна Америка ќе се судрат во „Финалисима“. Владетелите на двата континенти на „Вембли“ ќе вкрстат копја во натпревар кој се очекува да биде спектакл на светскиот фудбал. 

Во пресрет на дуелот, на помалку од еден час пред стартот двајцата селектори Роберто Манчини и Лионел Скалони ги открија своите стартни состави. Аргентинците со офанзивна формација и силен состав ќе ги нападнат „аѕурите“ во чиј состав има и изненадувања. 

  • Стартните состави за „Финалисима“:

Италија (4-3-3): Донарума; Ди Лоренцо, Бонучи, Кјелини, Емерсон; Песина, Жоргињо, Барела; Бернардески, Белоти, Распадори. 

Аргентина (4-2-3-1): Мартинез; Таљафико, Отаменди, Молина, Ромеро; Ди Мариа, Де Пол; Родригез, Ло Селсо, Лаутаро; Меси. 

Аргентина според обложувалниците важи за фаворит, меѓутоа и Италија има свои адути во „Финалисима“.