СТАРТНИ СОСТАВИ: Симов со најсилниот тим, Нухиу го остави Брдаровски на клупата

Горан Симов го потврди тимот кој се наѕираше вчера поофицијалниот тренинг. Георгиев заздрави од повредата и ќе почне од првата минута, а друштво ќе му прават Ивановски и Тантуровски на дуелот против Дрита од третото коло на Лига Европа.

Тренерот на првакот на Косово, Ардијан Нихиу го остави Брдаровски на клупата за резервни фудбалери, откако само една недела тренира со новиот клуб.

СИЛЕКС (4-3-3): Божиновски, Тимовски, Гроздановски, Драшковиќ, Карчески, Ристов, Серафимовски, Мустафов, Ивановски, Георгиев, Тантуровски

ДРИТА (4-2-3-1): Малоку, Лимани, Гербеши, Цуцули, Блакчори, Вучај, Намани, Шабани, Фазлиу, Ајзерај, Хаџимуса

Натпреварот ќе го води Ендру Медли од Англија.