• Иван Димовски

Разврската на Купот на Македонија и новиот или старо-новиот освојувач ќе биде одреден денес. Во финалето на најмасовното македонско натпреварување ќе се судрат Македонија Ѓорче Петров и Струга Трим Љум. Сите услови за перфектно финале се исполнети. Перфектен мајски ден, одличен терен и мотивирани актери и битка за трофејот.
На нешто повеќе од еден час пред стартот, тренерите Горан Симов и Шпетим Дуро ги открија картите и стартните состави за натпреварот.
- Стартни состави за финалето на Купот:
Македонија ЃП: Стевковски; Мишевски, Илиевски, Лазаревиќ, Јаго; Стојков, Стоилов, Воша, Стојкоски, Попзлатанов; Фазли.
Струга ТЉ: Ќосевски; Незири, Радиќ, Кривањева; Малиќи, Бојку, Кочоски, Мерџани; Шабани, Ибраими, Мухарем.
Куп-финалето се игра на стадионот „Петар Милошевски“ во склоп на Фудбалската федерација на Македонија.