СТАРТНИ СОСТАВИ: Швајцарија со силен тим, Камерун без Абубакар

Петтиот натпреварувачки ден на Светското првенство ќе тргне со пресметката од групата Г, меѓу селекциите на Швајцарија и Камерун.

На околу еден час пред стартот на дуелот, селекторите Јакин и Сонг ги „отворија картите“. Двајцата селектори се решија за најсилните состави од првата минута во Ал Вакрах. Џака, Шаќири, Фројлер, Аканжи и Зомер ќе го водат швајцарскиот состав, додека кај африканскиот тим тука се Чупо-Мотинг, Токо Екамби, Ангиса, Онана, а на клупата остана искусниот Абубакар.

  • Стартни состави за дуелот на Швајцарија и Камерун:

Швајцарија: 
Зомер; Родригез, Елведи, Аканжи, Видмер; Џака, Фројлер; Варгас, Соу, Шаќири; Емболо

Камерун: 
Онана; Фаи, Кастелето, Нкулу, Толо; Ум Гует; Хонгла, Ангиса; Мбеумо, Чупо-Мотинг, Токо Екамби

Швајцарците и Камерунците ќе се натпреваруваат во тешка конкуренција со Бразил и Србија, па стартниот натпревар е многу важен.

Состави

Мурат Јакин

4-2-3-1

    Rigobert Song Bahanag

    4-1-4-1