СТАРТНИ СОСТАВИ: Шпанците со три, Франција со две измени во битка за финале

Селекторите Дидие Дешамп и Луис де ла Фуенте ги одредија стартните тимови за првото полуфинале на Европското првенство во Германија. Францускиот предводник им даде предност на Дембеле и Коло Муани во нападот, а Рабио го врати во средниот ред. На клупата останаа Гризман и Турам.

Шпанскиот селектор не може да смета на повредениот Педри и казнетите Карвахал и Ле Норманд, па на нивните места ќе почнат Хесус Навас, Начо и Дани Олмо.

Шпанија (4-2-3-1): 
Унаи Симон; Хесус Навас, Начо, Лапорт, Кукуреља; Родри, Фабиан Руиз; Дани Олмо, Ламин Јамал, Нико Вилијамс; Мората;

Франција (4-3-3):
Мањан; Кунде, Упамекано, Салиба, Т. Хернандез; Чуамени, Канте, Рабио; Дембеле, Коло Муани, Мбапе;

Натпреварот на „Алијанц Арена“ во Минхен ќе го суди Словенецот Винчиќ.