СТАРТНИ СОСТАВИ: Шкендија со офанзива и најдобриот тим во Разград

Со нескриен оптимизам и со предност од 2-1 од првиот натпревар, фудбалерите на Шкендија вчера пристигнаа во Разград. Тренерот Јетон Беќири ги отстрани сите дилеми и го одреди стартниот тим. Тамба почнува по десната, а Латифи по левата страна од нападот, а најистурен е капитенот Бесарт Ибраими. Од првата минута шанса добива Зејнулаи на местото на Крстевски. 

Лудогорец:
Падт, Сон, Куртулус, Алмеида, Недиалков, Нареси, Чочев, Дуарте, Маркус, Мачадо, Видал

Шкендија: 
Гаје, Трумчи, Фетаи, Цаке, Вебстер, Р. Рамадани, Амаду Алхасан, Тамба. Зејнулаи, Латифи, Б. Ибраими

Натпреварот ќе го води Урс Шнајдер од Швајцарија. 

Навивачката група „Балисти“ пристигна во Бугарија и вети голема поддршка за Шкендија. Во зависност од овој натпревар ќе биде позната перспективата на тетовчани. Утре ќе ги дознаат ривалите за групната фаза на Лига Европа или Конференциската лига.