• Мартин Танасковски
Екипата на Шкендија на домашен терен ќе брка гол негатива во реваншот од третото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА против шкотски Хибернијан.
За дуелот против ривалот, тренерот Положани го одреди тимот. Се враќа Бојан Димоски кој беше повреден. Во стартниот тим ќе го нема Марко Ѓорѓиевски кој се повреди пред мечот со Вардар.
Шкендија (4-2-3-1):
Рамани; Трумчи, Манев, Мелиќи, Димоски; Рафа, Ислами; Тамба, Зејнулаи, Крејзиу; Ндзенге
Хибернијан (4-3-3):
Салигер; Паслак, Кер, О'Хорд, Обита; Мулиган, Чаива, Мајор; Елдинг, Рајт, Лов
Натпреварот на Арената „Тодор Проески“ започнува од 20:00 часот.











