• Иван Димовски
Фудбалерите на Шкендија гостуваат кај ТНС во англискиот град Освестри, каде што ќе го одигра првиот квалификациски натпревар во Лигата на шампионите.
Тетовчани имаат високи амбиции пред двомечот со велшкиот ривал, а тренерот Јетон Беќири ги откри адутите за средбата. Интересно, на клупата остана најдобриот стрелец во мак-фудбалот Бесарт Ибраими, а во нападот шанса доби младиот Фитон Адеми.
- Стартни состави за натпреварот:
Д Њу Сеинтс: Шеперд; Смит, Мекгејхи, Боденхам, Редмонд; Холден, Корнес, Вилијамс; Вилијамс, Вилсон, Бробел
Шпанија: Гаје; Вебстер, Цаке, Фетаи, Трумчи; Ќака, Рамадани; Латифи, Красниќи, Тамба; Адеми
По натпреварот на „Парк Хол“, реваншот се игра за седум дена на Арената „Тодор Проески“ во Скопје, во терминот од 20:00 часот.









