• Мартин Танасковски
Шкендија е во очекување на вториот домашен меч од Конференциската лига на УЕФА, или вкупно трет, против полска Јагјелонија. Пред мечот, тренерите ги одредија стартните единаесет кои ќе истрчаат на терен.
Шкендија на Јетон Беќири.ќе тргне без Бесарт Ибраими кој е на клупата.
Шкендија (4-2-3-1): Гаје; Трумчи, Фетаи, Цаке, Вебстер; Рамадани, Алхасан; Спахиу, Зејмулаи, Љатифи; Тамба
Јагјелонија, пак, предводена од тренерот Адриан Сиемјенец ќе истрча со следните единаесет.
Јагјелонија (4-3-3): Пјетковски; Војтушев, Стојиновиќ, Витал, Вдовик; Флаш, Романчук, Драхал; Прих, Пулулу, Пјетужевски
Натпреварот меѓу македонскиот првак и полскиот тим започнува од 21:00 часот на Арената „Тодор Проески“ во Скопје. Јагјелонија по три кола има четири бода, додека Шкендија има три освоени бода.





