• Мартин Танасковски

Пред островското дерби на Светското првенство (СП) во Катар во рамки на третата рунда во групната фаза, работите речиси и да се јасни. Англија е фаворит за пласман во следната рунда, Велс добива осминафинале само со чудо.
Селекторите Роб Пејџ и Герет Саутгејт веќе ги одредија стартните состави. Нема некои големи изненадувања во изборот на Велс и Англија, со тоа што во тимот на „Гордиот албион“ има неколку измени во однос на дуелот со САД:
Велс:
Ворд; Мифам, Родон, Дејвис; Вилијамс, Ампаду, Ремзи, Ален;Мур, Бејл, Џејмс
Англија:
Пикфорд; Вокер, Стоунс, Мегваер, Шо; Рајс, Фоден, Белингем; Хендерсон, Кејн, Рашфорд
Велшаните можат до нокаут-фаза во два случаја. Победа од 4-0 или повеќе над Англија, или минимална победа и реми на натпреварот меѓу Иран и Соединетите Американски Држави.