СТАРТНИ СОСТАВИ: Саудијците со дефанзивен пристап против Уругвај

По изненадувањето во групата Х и ремито на Шпанија и Зеленортските Острови, сега Саудиска Арабија и Уругвај ќе бркаат победа за да скокнат на врвот. 

На час и половина пред стартот на средбата селекторите на двете селекции ги објавија стартните состави. Уругвајците располагаат со доста посериозни имиња и важат за голем фаворит, меѓутоа се покажа дека тоа не мора да е пресудно.

  • Стартни состави за натпреварот:

Саудиска Арабија (5-3-2): Ал Оваис; Абдулхамид, Ал Амри, Ал Тамбакти, Ал Харби; Ал Шамат, Ал Хаибари, Кано, Ал Давсари; Ал Брикан, Ал Бураикан.

Уругвај (4-4-2): Муслера; Варела, Касерес, Оливера, Виња; Валверде, Угарте, Бентанкур, Араухо; Нуњез, Вињас.

Натпреварот меѓу Саудиска Арабија и Уругвај се игра на „Хард Рок Стадион“ во Мајами Гарденс на Флорида.