СТАРТНИ СОСТАВИ: Салах ги води „фараоните“ по изненадување против Белгија

Дербито на денот на Светското првенство се игра во групата Г, а таму селекцијата на Белгија ќе се судри со Египет во централниот вечерен термин. Белгијците важат за фаворит, меѓутоа јасно е дека „фараоните“ нема лесно да се предадат и ќе имаат што да кажат и покажат.

Селекторите на двете репрезентации на час и половина пред стартот на средбата ги „отворија картите“.

  • Стартни состави за натпреварот:

Белгија (4-3-3): Куртоа; Мекеле, Мение, Кастањ, Нгој; Де Брујне, Тилеманс, Онана; Тросар, Доку, Де Кетеларе.

Египет (3-5-2): Шубир; Ибрахим, Хани, Фатух; Ашур, Зико, Фати, Лашин, Атиа; Салах, Мармуш.

Пресметката меѓу Белгија и Египет ќе се одигра на стадионот „Лумен Филд“ во Сиетл со почеток во 21:00 часот.